Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Посета на Друштвото на Црвениот крст на Босна и Херцеговина

2025-02-28

Посета на Друштвото на Црвениот крст на Босна и Херцеговина

На 24.02.2025 година Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити го посети националното друштво на Црвен крст на Босна и Херцеговина. За време на посетата се остварија дискусии за унапредување на билатералната соработка помеѓу националните друштва со претседателот Марко Синановиќ и Генералниот секретар Намик Хоџиќ. Презентирани беа и текот на имплементацијата на активностите за справување со последиците од поплавите кои ја зафатија земјата изминатата година за што значителна донација даде и Црвениот крст на РСМ.